Американците ги надминаа Швајцарците по богатство, додека во остатокот од светот, богатството се „топи“.
Резултатите од едно истражување покажуваат дека ова се случува поради Брегзит и американско – кинеската трговска вojна.
Според германската финансиска куќа Алијанс, просечното богатство на Американците е 184.411 евра по глава на жител.
173.838 евра е просечното богатство на еден Швајцарец.
Овие податоци се за 2018 година. Американците се на врвот поради силниот долар. Но, и американските домаќинства го движат глобалниот проток на пари. Две третини од сите заштеди во индустријализираните земји се од САД.