Васил Гарванлиев, момчето познато по детскиот евергрин „Марионка“, пред две години се врати на македонската музичка сцена со песната „Ѓердан”.
Вчера официјално беше потврдено дека токму тој ќе ја претставува Македонија на овогодинешниот избор на “Евросонг” во Ротердам, Холандија. Песната со која ќе настапи Васил сеуште не е позната.
Васил минатата година беше придружен вокал на Тамара Тодевска, па ова нема да биде негово прво евровизиско искуство.
-Од сѐ срце им благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсурдни. Ве сакам! Подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна. Овој пат ветувам дека ќе дадам сè од себе за мојата татковина, за сите нас. Се гледаме во Ротердам, вели Васил