Се родил на денешен ден како Стојан, а денес за неговите чуда сведочат илјадници луѓе: Телото на Свети Василиј Острошки стои недопрено со векови

Свети Василиј Острошки е роден на денешен ден во 1610 година како Стојан Јовановиќ, во селото Мркоњичи во Попово поле.

Тој се замонашил во црквата Успение на Пресвета Богородица. Избран е и поставен за епископ на захумскиот и скендерскиот регион.

Кога Турците го разрушиле Тврдош, каде што се наоѓало неговото седиште, Василиј се преселил во Острог, Црна Гора, во близина на денешен Даниловград.

Неговите чудотворни моќи и неговиот гроб останале опстанале и покрај тешките времиња кои следувале. Во православниот свет Свети Василиј Острошки е познат како голем чудотворец.

Неговото свето тело во целост почива во Острошкиот манастир, повеќе од 300 години. Црквата во која лежат моштите на Острошкиот Светец е исполнета со пријатен мирис, кој го воодушевува секој верник кој влегува таму.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.