Се поставува олимписка подлога – Вечерва “Кире Гаврилоски” ќе биде центарот на баскетот во Македонија (ФОТО)

Веќе 15 години по ред, KGJ3x3 го носи најдоброто од уличниот баскет во срцето на Прилеп! Оваа година повторно ќе имаме три дена исполнети со спорт, дружба и незаборавна атмосфера.

Oд вечерва, започнува 15-то јубилејно издание на одличниот турнир во баскет 3X3 “Кире Гаврилоски – Jане”. Tри дена исполнети со страст, конкуренција и одлични натпревари!

Оваа година, покрај одличните награди, турнирот ќе се игра и на нова подлога – онаква каква што се користи на 3×3 баскет натпреварите на олимпијадите.

Дечките од рано утрово неуморно работат за се да изгледа перфектно, а во моментов се прават последните подготовки.

Годинава турнирот има повеќе спонзори, а со тоа и наградите се побогати. Ќе се игра во две категории +18 и -17

Категорија +18

🥇 1. место – 25.000 денари + Дочек на Нова година во Белград
🥈 2. место – 10.000 денари + Ваучери за патување (4×40€)
🥉 3. место – 6.000 денари + Ваучери за патување (4×30€)

Категорија -17

🥇 1. место – Парична награда + Дочек на Нова година во Белград
🥈 2. место – Парична награда + Ваучери за патување (4×40€)
🥉 3. место – Парична награда + Ваучери за патување (4×30€)

Исто така за прв пат организаторите  предвидоа и нова категорија – “Corporate”, па ќе имаме прилика да гледаме и одлични натпревари помеѓу вработени во прилепските компании.

Ова не е само турнир. Ова е традиција. Не го пропуштај петнаесетото поглавје на КГ3Х3!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.