Прилеп е подготвен за прослава на градската слава Св. Никола.
Денеска се уредуваше и чистеше централното градско подрачје на плоштадите “Александрија” и “Методија Андонов – Ченто”. Се мора да биде блескаво чисто и уредно за празнувањето на заштитникот на градот.
Чествувањето на градската слава (19.12.2022 година) ќе започне во 08.00 часот со свечена божествена литургија во Црквата Св. Благовештение со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г.Петар, а во 12:00 часот пред Параклисот на Св. Никола, во центарот на градот, ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач.
Домаќини на годинашната градска слава се сопствениците на компанијата „Теракота Инижинеринг“ кои за посетителите ќе имаат подготвено посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав и пијалоци.