Се породи прилепчанката која премина во Ислам

111-1

По една година брак се породи прилепчанката која премина во Ислам. Како што пренесува порталот Алмакос, таа родила здраво дете по име Един. Сопругот за порталот изјавил дека е пресреќен.

“Не знам како да го опишам ова, но можам да кажам дека ние двајцата сме задоволни со фактот дека во нашето семејство е роден ангел, млад наследник на семејството. Ова дете нормално им припаѓа на сите муслимани и се одлучивме на име почитувајќи ги принципите на исламот, и му дадовме име Един “, вели сопругот на Катерина, Јасмин за Алмакос.

Катерина е една од ретките православни Македонки кои поради љубовта кон саканиот ја смени верата и премина во Ислам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.