Се пожалил на болки во градите: Маж починал додека возел по патот Битола-Прилеп

Педесет и петгодишен маж, со иницијали Ш.В. починал додека го возел својот автомобил на патот Битола-Прилеп, пред Тополчани, пишува во полицискиот билтен на МВР.

Од МВР велат дека управувајќи го возилото, со прилепски регистарски ознаки, тој се пожалил на болки во градите на сопатничката Л.В.М..

Извршен бил увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.