Се одбележуват 70 години од постоењето на Народна техника – Прилеп

На 23 декември оваа година во Прилеп ќе се одбележи 70 годишното постоење од Народна техника – Прилеп. Оваа организација која постои цели 7 децении има остварено голем број на значајни продобивки за градот. Делегација на Народна техника денеска оствари и средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, по повод ова одбележување.

prva

„Задоволството е големо после покната на претседателот и членовите на Народна техника оваа година да бидам покровител на овој голем јубилеј за оваа многу важна невладина организација која опстојува во нашиот град. Со задоволство ја прифативме поканата и сега во наредниот период ќе се потрудиме организацијата на овој настан да биде на највисоко ниво. Им посакувам здравје, среќа и успех и понатаму во нивното работење. Народна техника е од голема важност за општествениот живот во нашиот град“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_mg_1518

Прославата било предвидено да се состои од неколку настани со кои ќе се одбележи  70 годишното постоење на Народна техника.

„Прославата ќе се состои од 3 дела. Ќе има изложби на фотографии од минатото, изложба на експонати од самите клубови кои се членки на Народна техника, и секако би биле изложени одредени признанија, дипломи и награди освоени во минатото. Народна техника има освоено голем број 1-ви, 2-ри и 3-ти места на светско ниво во повеќе области. Ќе има официјална и свечена седница“, истакна Пецо Танески, Претседателна Народна техника – Прилеп.

vtora

treta

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.