Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи со кратка пишана порака, во која се заблагодарува на персоналот на ВМА и на сите кои се грижеле за него и најави дека од понеделник продолжува со работа со полна пареа.
-Им благодарам на лекарите и на вработените во ВМА. Им благодарам на сите кои беа загриени. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон, напиша Вучиќ.
Вучиќ вчера беше примен на Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија.