Давор Шокоски уште две години во дресот на Прилеп!
Левиот бек Шокоски после одличната сезона во дресот на Прилеп го продолжи својот договор и се обврза на двегодишна соработка со прилепскиот суперлигаш.
Шокоски беше еден од носителите на играта на Прилеп измината сезона и еден од најзаслужните за опстанокот на Прилеп во елитното друштво.
Шокоски е дете на Прилеп каде ги помина сите младински категории, а сега се наметнува како лидер во својот матичен клуб.