Се здружуваат промоторите на БРЕГЗИТ: Фараж му нуди изборен пакт на Џонсон, а еве што го чека доколку одбие

Лидерот на битанската партија за Брегзит, Најџел Фараж, му понудил на британскиот премиер Борис Џонсон “изборен пакт” доколку земјата излезе од ЕУ без договор, додека во спротивно ќе се соочи со борба за секое пратеничко место на следните избори, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, повеќе од три години откако Британија со 52% од гласовите го изгласа Брегзит, излегувањето од ЕУ “виси на конец”, а се отворија повеќе опции како бурен развод со Брисел, мирен излез или пак нов референдум.

Фараж кој во 2013 година вршеше притисок на тогашниот премиер Дејвид Камерон да организира референдум за излез од ЕУ, рече дека големи се шансите избори да бидат организирани уште оваа есен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.