Се заљубил додека чистеле во Стајковци: Антонио од Прилеп јавно и искажа љубов на Дијана

Скопје сè уште ги лекува раните од природната катастрофа што му се случи пред неколку дена. Поплавите однесоа голем број човечки животи, а многу луѓе останаа без своите домови. Волонтерите пристигаа од целата земја, а меѓу нив бил и младиот прилепчанец Антонио Пандовски (21) која дури помагал  ја сретнал, како што вели, љубовта на својот живот – скопјанката Дијана, пишува Телеграф.мк.

 

antonio.jpg-700-640x379

Антонио побарал помош од Телеграф.мк да му помогне во неговата цел, а тоа е да ѝ каже на Дијана колку многу ја сака. Со таа намера, Пандовски испратил писмо во кое ја опишува љубовта кон Дијана.

– Здраво на сите што го читате ова низ Македонија, а можеби и подалеку. Собрав голема храброст и не се двоумев за оваа работа. Го правам ова затоа што многу ја сакам љубовта и сè правам за неа. Се работи за една девојка во која се заљубив на прв поглед. Тоа беше пред шест дена, кога беа поплавите, па отидов доброволно да помогнам, не знаејќи дека ќе налетам на девојка во која се заљубив штом ја видов. Од тој момент со мене се случи нешто неверојатно, бев како изгубен, срцето почна да ми лупа побрзо и побрзо, не можев, а да не ја гледам. Едноставно нејзината убавина блескаше. Колку повеќе ја гледам, толку повеќе се заљубувам, просто и едноставно тоа е така. Таа за мене е сонце што ми го разубавува денот, и кога ја гледам се прашувам што ми е. Нејзината насмевка и нејзиниот поглед со тие преубави костенливи очи, кога ќе ги видам, мислам дека сум три метри над небото. Ми го промени животот за миг, таа е најпосебната личност што сум ја запознал во последно време и сакам во оваа пригода да ѝ кажам колку ми значи во овој момент и да ѝ кажам јавно дека сум лудо заљубен во неа и дека што и да треба, ќе направам. И му се заблагодарувам на Бога што ме прати во таа куќа и ја сретнав мојата среќа –  детелина со четири листа. Секој човек ја бара среќата насекаде и еве јас ја најдов каде што не очекував. Таа се вика Дијана и е најубавото нешто што ми се случило – пишува во писмото Антонио.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.