Ураганот Мајкл рушел се пред себе на Флорида, посебно во Панама Сити.
Многумина побарале засолниште во хотелот “Kaнтри ин”, меѓутоа, набрзо кровот започнал да се руши, дел по дел.
Деловите паѓале на автомобилите и камионите на паркингот, а водата започнала да навлегува од секаде. Во еден момент се почувствувал силен мирис на гас. Кровот за време на рушењето ја оштетил и гасоводната цевка.
In a harrowing two hours, Hurricane Michael devastates Panama City https://t.co/ygAjz3TIrs via @Florida_Today
— Michael Braun (@MichaelBraunNP) October 11, 2018
Цели два часа никој не можел да излезе надвор и да го исклучи гасот, а ниту спасителите можеле да влезат во хотелот. Ветерот достигнувал брзина од 200 километри на час, а дождот толку силно паѓал, што речиси ништо не се гледало.