Денеска (16.10 2022) околу 07 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево ги лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип и И.М.(33) од Битола, со привремен престој во Кичево.
Тие се сомничат дека физички го нападнале М.З.(74) од Кичево во неговиот дом, по што му одзеле пари и други предмети.
Имено, тие претходно се запознале со М.З. пред казино и откако му побарале преноќиште, заедно отишле во неговиот дом каде го извршиле делото, информира МВР.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.