Градежните работи за доуредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се во тек. Во моментот се работи на асвалтирање на улицата во Р2 зона во должина од 380 метри. Оваа инвестиција чини седум милиони и шестотини илјади денари средства обезбедени од гранд од Светска банка кои општина Прилеп ги доби за успешно реализиран проект за влез на градот Прилеп. Во склоп на овој инфраструктурен зафат ќе бидат обезбедени и доосветлувањето и изградба на тротоари. Градоначалникот Ристески посочи дека, во индустриската зона Прилеп 1 експресно биле продадени сите 21 парцела, а моментално се градат 7 објекти.