Се градат повеќе тротоарни површини во Прилеп

_MG_5342

Деновиве започна изградбата на повеќе тротоарни површини со бекатон плочки во Прилеп. Досега се заврши делот од тротоарите од улицата „Браќа Миладиновци“ или поранешна „Војводинска“, наспроти црквата Света Петка во населбата Точила, а моментално се работи на тротоарите на улиците „Егејска“ и „Орде Чолеа“ во населбата Варош.

_MG_5341

„Во продолжение се планира да се продолжи со изградба на тротарите на улицата „Ленин“, потоа нови тротоарски површини ќе добие и улицата „Алексадар Македонски“ од населбата „Димо Наредникот“ спрема улицата „Трајко Николоски“. Ќе се градат исто така тротоари на улицата „Ѓорѓи Димитров“ и на повеќе други локации во градот“, истакна Љупче Митрески, раководител на одделението за локални патишта и улици при Општина Прилеп.

_MG_5349

_MG_5352

Се планира во текот на оваа година во Прилеп да бидат изградени повеќе од 6.000 м2 нови тротоарни површини со бекатон плочки.

_MG_5326

„Локалната самоуправа на Прилеп продолжува со реализација на комуналната програма за оваа 2017 година. Се планира да бидат поставени бекатон плочки на над 6.000 м2 тротоарни површини, пред се на главните фрекфентни улици и сето тоа е по барање на граѓани и урбаните заедници“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_5370

_MG_5363

Средства за овие инвестиции се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.