Јавната општинска установа Дом за стари лица “КИРО КРСТЕСКИ – ПЛАТНИК” од Прилеп, објави оглас за Директор.
Огласот е објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 21.11.2019.
Основната плата за директор на оваа институција изнесува 28,256 денари.
Кандидатите кои се заинтересирани да аплицираат треба да имаат завршено Правен факултет и да имаат 5 годишно работно искуство.
Досега на оваа институција се променија двајца директори во изминатите 2 години, а сега новиот директор ќе се ангажира за период од 48 месеци.