Партискиот огранок на форумот на жени на СДСМ Прилеп доби нова претседателка. Жените од партијата во Прилеп ќе ги предводи Саша Лепиткова, долгогодишен активист на партијата и поранешна директорка на филијалата на Македонски пошти во Прилеп.
Лепиткова е едно од новите имиња во раководството на ОО СДСМ Прилеп, каде деновиве ги прегрупираат редовите, а со цел што подобар настап на престојните локални избори.
Маркукуле деновиве ексклузивно објави, кои имиња ќе се најдат на првите четири позиции на кандидатската листа за советници на СДСМ во Прилеп, а Лепиткова е на четвртото место на оваа листа.
“Со голема чест и благодарност, ја споделувам веста дека сум избрана за Претседателка на Форумот на жени на СДСМ Прилеп. Оваа доверба ја прифаќам со чувство на одговорност и со силна мотивација да работам посветено за јакнење на женскиот глас, еднаквост и солидарност. Ќе бидам отворена соработка, идеи и иницијативи од секоја од вас – затоа што само заедно можеме да создадеме праведно и прогресивно општество. Продолжуваме со храбри чекори, во духот на социјалдемократијата, за сите жени”, напиша Лепиткова на социјалните мрежи.