СДСМ Прилеп во одбрана на Зијадин СЕЉА и педофилите во образованието

17360633_10210709182637174_470670897_n

По повод обвинувањата од СДСМ дека средношколците во Прилеп се манипулираат и поттикнуваат на протести, со пресконференција излегоа од Oпштинскиот  Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.

“Што се случува со СДСМ Прилеп???  Еве уште еднаш невешто пробувате да спинувате и манипулирате со јавноста!!!

Зарем до толку ниско падна партијата и слепо се бори за федерализација и двојазичност во Прилеп??? Има ли поголем срам за нив ,кога дошло време ЗИЈАДИН СЕЉА и албанската пратеничка што Македонија ја нарекува Илирида да бидат нивни идоли и да им се поклонуваат! Миле за кои политички говори , за кои злоупотреби од директорите зборуваш??? Зарем искажан став дека МАКЕДОНИЈА треба да е унитарна,без промена на име, знаме и химна е кривично дело?? Зарем искажано мислење на млад човек за својата држава е грев?

Изгледа за злоупотреба на учениците мислевте на шарената револуција, во која дел млади луѓе исфрливте во првите редови манипулираќи ги да уништуват јавен и приватен имот и да уништуваат јавни институции???

Ќе одите ли на суд како обвинители против човек што се изјаснил дека ја сака својата татковина??Миле,тоа е гордост и морална обврска на секој Македонец.Не знаеме каков ви е идентитетот или сте се пронашле во оние без идентитет како што вели вашиот коалиционен партнер Сеља,но верувајте дека полека станувате синоним на борци за воведување на албанскиот јазик во прилепското образование!  Дали, утре ќе одите во Струга и Куманово и на Сеља ќе му поднесите кривична за иредентизам и ширење омраза, а во Куманово на директорот на Гимназијата, покрај кривичната ќе му донирате и веб камера со подобра резолуција? Жално е за вас ,да ги величате неморалнните и иредентистите,а да ги црните ПАТРИОТИТЕ.Но за жал се е можно! Елитата од неколку луѓе на СДСМ Прилеп се продаваат и самите и државата и јазикот само да стигнат до фотељи, заедно со ЗИЈАДИН СЕЉА! А, ние како Општински комитет ви подаруваме едно македонско знаме со кое би им се придружиле на организациите и граѓаните кои секојдневно маршираат за одбрана на својата татковина во 18 часот.”, истакна Александар Јованоски од прес центарот на ОК ВМРО -ДПМНЕ – Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.