Не престануваат обидите на опозицијата за продолжување на политичката криза во државата и кревањето на тензии во Р.Македонија, овој пат преку новоизбраните пратеници, кои иако за прв пат влегуваат во Собранието, почнуваат со предизвикување на проблеми
Како што дознааме, на денешната координација помеѓу пратениците и Претседателот на Собранието од минатиот состав Трајко Вељановски, СДСМ отворено се заложиле за рушење на Уставниот поредок и барале да се прекрши деловникот за работа на Собранието.
Оливер Спасовски, во името на новоизбраните пратеници од СДСМ и Шарените протести, барал Трајко Вељановски да не ја води седницата, иако согласно изборниот закон, Уставот и деловникот за работата на Собранието на Р.Македонија тоа е обврска.
Дополнително, Спасовски решил да изигрува поголем Албанец од Албанците, инсистирајќи, во името на пратеничката група на СДСМ, да се прекрши членот 9 став 2 од деловникот за работа на Собранието, и конститутивната седница да биде водена на Албански јазик.
Претходно, за проблемите кои уште веднаш почнале да ги прават пратениците на СДСМ во Собранието на Р.Македонија зборуваше и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонио Милошовски, кој посочи дека на денешната координација помеѓу пратеничките групи и претседателот на Собранието се обиделе да предизвикаат проблеми со нелогични барања.
Извор: Инфомакс