СДСМ: Нашите економcки мepки и политики давaaт резyлтат, платите пopacнаа за 6,8%

Раст на просечната плата за 6,8%, економските мерки и политики на СДСМ даваат резултат, соопштуваат од партијата.

Економските мерки и политики што ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултат.

Економските индикатори покажуваат позитивен нагорен тренд, македонската економија е стабилна, жива и динамична.

Бележиме постојан раст на платите и во услови на пандемија.

Просечната месечна нето-плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година.

Покрај борбата со пандемијата ветивме и испорачавме економија-правда.

Дел од концептот на СДСМ е парите кај граѓаните, повеќе пари во џебот на работниците.

Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година е забележана сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%.

Исто така, раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата.

Раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто.

Покрај сите можни блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, успеавме да реализираме мерки кои дадоа резултат.

Спасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400.000 граѓани и 35.000 компании.

Над 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите.

Македонската економија се враќа на стабилни стапки на раст согласно економските показатели и очекувања.

Како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на ефикасни мерки и политики што создаваат услови за градење стабилна и развојна македонска економија, стои во соопштението од СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.