СДСМ ги испочитува старите кадри – Шема се враќа во врвот

Според сознанијата на Телма од високи партиски извори, СДСМ во понеделник на централниот одбод на партијата ќе ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски.

Игор-Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Како пратеник беше дел од пратеничката група на СДСМ и коалицијата кои на 24-ти декември 2012-та (црн понеделник) кои беа исфрлени од собраниската сала затоа што протестираа против новиот годишне буџет, а откако застанаа пред собраниската говорница, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ употреби повеќе полициски службеници во цивилно, од единицата АЛФИ, за да ја исфрлат опозицијата од Собранието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.