Драгана Спасевска е мајка на три деца, дипломиран воспитувач која живее во Битола. Таа сосема случајно, на ФБ, ја отвора групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА! (линк: https://www.facebook.com/groups/479418786591247), каде моментално членуваат над 75.000 корисници, кои главно ја поддржуваат иницијативата.
Спасевска беше обвинете од СДСМ Битола дека е поддржувач на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека токму партијата стои зад нејзината иницијатива.
“Никој нема право од другите да прави будали и да ги убедува дека иницијативата што ја предводи е без било каква политичка позадина.
Ова почитувани граѓани, почитувани родители и ученици (слика подолу) е Драгана Спасевска, предводничката на Фејсбук групата “Учебници и настава мора да има”, фотографирана на завршниот митинг на ДПМНЕ во Охрид, на 21 октомври 2016 година.
Толку почитувани граѓани од партиската независност на Спасевска. Драгана Спасевска која во повеќе наврати изминатите недела – две се колнеше дека зад нејзината иницијатива не стои ниту една политичка партија, нека да им се извини на сите родители и ученици што ги доведе во заблуда.
Затоа, денес уште еднаш прашуваме.
Дали Антонијо Милошоски се сретнал и и дал инструкции на Драгана Спасевска за текот на активностите во нејзината Фејсбук група кон крајот на минатиот месец во Битола?
Дали Пеце (амбасадорот од/на Битола) е локалниот лидер на ДПМНЕ кој е во постојана комуникација со битолски средношколци?
Дали генералниот секретар на ДПМНЕ вчера беше во Битола со цел да ги координира активностите кои следуваат? Дали после ручекот во еден битолски хотел, Сајкоски и уште неколкумина истакнати функционери на битолскиот огранок на опозициската партија се сретнале со Спасевска? Што и ветиле како награда за нејзиниот ангажман?
Реформите во образованието се потребни и ќе се случат, а ДПМНЕ повторно ќе биде на погрешната страна.“, напишаа од ОО СДСМ Битола.
На објавата на ФБ од СДСМ се соочија со низа коментари и критики од граѓаните од кои пренесуваме дел во продолжение:
Коментар напиша и самата Спасевска:
“Почитувани, Копајте ми во денот на раѓање… Копајте ми во детството… Копајте ми во болната душа распарчена во 2001-ва… Копајте ми во минатото болно кои го срушивте вие -политичките партии! Копајте ми во моментот кога молев за едно работно место по струка. Копајте ми во моментите кога ги растев моите три деца и кога ги делев и бирав на кое ќе му купам патики денес, а на кое идниот месец… Копајте ми во моментот кога ме боли душата што сакате да им ја уништите иднината!!! Јас се откажав од партија кога преку ноќ влегуваа лица на работни места кои не пречекориле партиска врата а за мене не се најде едно работно место по струка. Партијата беше само изгубено драгоцено време и граматички минато свршено време. Партијата не ги хранеше моите три деца. Партијата е само дискриминација! Денес сите сме сведоци дека интелектуалците се во позадина, а не стручни лица се на највисоки функции. ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ,ПОЛИТИЧАРИ И ПАРТИСКИ АКТИВИСТИ … ПОДАЛЕКУ ОД МЕНЕ! НАПОМЕНА: Секој кој ќе проба да го наруши мојот личен углед, интегритет и кредибилитет ќе се соочи со кривична пријава согласно ЗАКОН!!! Благодарам… и се надевам на разбирање…”