Свечено отворeна новата услужна единица на ПроКредит Банка во срцето на Прилеп (ФОТО)

ПроКредит Банка свечено ја отвори новата услужна единица на нова локација во Прилеп, со нов модерен изглед и врвна услуга. Во пријатна атмосфера, во друштво на своите соработници и клиенти, банката го потврди продолжувањето на својата стратегија за ширење и унапредување на мрежата на услужни единици низ Македонија.

Новата локација, која се наоѓа во самиот центар на градот, на познатата цветна улица Илинденска бр. 41, ќе овозможи подобро банкарско искуство и зголемена достапност за клиентите.

„Не отвораме само нова услужна единица, туку поставуваме уште еден темел на доверба, стабилност и посветеност кон развојот на нашата заедница. Со ова проширување, го потврдуваме нашето долгогодишно ветување – да бидеме блиску до луѓето, до бизнисите, и до сите кои се стремат кон одржлив и одговорен напредок. Прилеп е град со богата историја, силен претприемачки дух и вредни луѓе. Веруваме дека тука има огромен потенцијал за малите семејни бизниси, за иновативните стартапи, но и за секој поединец кој сака да управува одговорно со своите финансии” – истакнаа од ПроКредит Банка.

За разлика од претходната локација каде што беше достапна само Зона 24/7, новата услужна единица дополнително нуди целосна банкарска поддршка. Клиентите имаат можност да добијат персонализирани финансиски совети, пристап до поголем број на банкарски услуги и поддршка од тим професионалци кои се достапни да одговорат на сите нивни потреби.

Новата услужна единица ќе работи од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

Повеќе информации за локациите и услугите на ПроКредит Банка се достапни на официјалната веб-страница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.