Свечено започна новата академска година на Економскиот факултет во Прилеп: Бруцошите го имаа првиот час! (ФОТО)

Низ универзитетите во Македонија, денеска свечено беше започната новата академска година, а бруцошите го имаа првиот час.

Прв академски час имаше и на Економскиот факултет во Прилеп, каде на првите три уписни рока се запишаа стотина нови студенти вкупно на сите смерови.

На свеченоста присутен беше и градоначалникот Јовчески, кој ги додели првите стипендии од предвидените 20, кои општина Прилеп од оваа година ги предвиде за студенти на овој факултет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.