И официјално денес од страна на првиот секретар на Јапонската Амбасада во Виена Мицунори Огасавара свечено беше пуштено во употреба и предадено на користење новото возило за смет на јавното претпријатие Пелагонија од Кривогаштани.
Донацијата со вкупна сума од 66,295 евра која вклучува нов камион за смет од марката Мицубиши и 35 контејнери кои ќе бидат распоредени на целата територија на општината.
Со оваа донација значително ќе се подобри управувањето со сметот како и ќе придонесе за поздрава и почиста животна средина.