Светците кои се слават денеска: Празник на семејството, направете го ова

31258-ksenofont-i-marija-580x32689p98p8

Денеска е Преподобен Ксенофонт, Марија, Јован и Аркадиј.

Сите биле едно семејство, а живееле во петтиот век во Цариград. Таткото Ксенофонт бил патрициј. Со жена му Марија имал два сина Јован и Аркадиј. Сите се одликувале со длабок благочестив живот. Се случи Јован и Аркадиј, тргнати на школување во Бејрут, да доживеат бродолом, што ги разделил, без да знаат еден за друг дека се живи. И родителите мислеле дека се мртви, но од еден сон дознале за нивната вистинска судбина, па отишле во Ерусалим да ги најдат. Распрснатото семејство најпосле, на чудесен начин, повторно се собрало заедно. Таткото, мајката и двајцата браќа зеле на себе монашки подвиг и го прославиле Бога преку светите животи. Сите нив Црквата ги вброи меѓу светителите.

Ова е празник кој секој верник треба да го помине со семејството, се смета за празник на мирот, љубовта и слогата во семејството.

Денеска заедно со семејството треба да запалите свеќа во црква, според старите обичаи, родителите палат за Ксенофонт и Марија, децата за Јован и Аркадиј.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.