Светскиот џудо експерт Габриел Сапта ја продолжи својата мисија во Прилеп: Втор на листата ЏК “Бушидо”

16295484_720627011445332_1266781828_n

Џудо експертот Габриел Сапта  6-ти ДАН Белгија кој е дојден  во Р. Македонија на 1 годишна мисија со цел унапредување на џудо споротот во нашата држава, првата работна посета ја започна во Прилеп.

После ЏК “Сеишин”, Сапта го посети и ЏК “Бушидо”, каде ја скенираше состојбата на клубот, пренесе дел од своето богато џудо искуство, на задоволство на младите џудисти на клубот и тренерот.

Од редовниот тренинг со кој раководеше тренерот Рубин Пеески и носител на црн појас 1 дан, Габриел Сапта  беше задоволен од начинот на презентација и работа, а членовите на клубот пак се стекнаа со нови искуства.

16344012_720627004778666_1402459586_n

16343794_720627001445333_1080126517_n

16237863_720627021445331_173735366_n

16237392_720627008111999_1754651073_n

Македонскиот олимписки комитет го ангажираше Сапта со цел обука на судии и тренери, соработка помеѓу клубовите, како би се подигнал квалитетот на натпреварувачите и тренерите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.