Светски популарните “Маша и медо” соборија уште еден рекорд: Оваа епизода има над 4 милијарди прегледи на “Јутјуб” (ВИДЕО)

Eпизодата “Маша и каша” на рускиот анимиран серијал “Маша и медо” стана единственото анимирано видео со повеќе од четири милијарди прегледи на “јутјуб”.

Со рекордот се пофали компанијата “Аnimakord”, која ги има авторските права за овој анимиран серијал.

Рускиот анимиран серијал е популарен во целиот свет – од Европа до Латинска Америка, Азија и арапските земји и не престанува да ги соборува рекордите. Епизодата “Маша и каша” сега се наоѓа помеѓу 10-те најгледани видеа на “Јутјуб”.

Од јануари 2019 година оваа епизода на се наоѓа и во “Гинисовата книга на рекорди”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.