Од 1994 година, Светска банка е силен партнер на Македонија, кој заедно со земјата работи кон креирање на подобри животни стандарди за сите македонски граѓани и ги поддржува аспирациите на земјата за пристап кон Европската унија, се вели во соопштението од Светска банка.
-Во текот на овој период, Светската банка обезбеди техничка помош и финансираше 63 проекти во Македонија во вредост од над 2 милијарди долари. Светска банка ги продолжува своите активности во Македонија во текот на политичкиот циклус, работејќи заедно со сегашната техничка влада во рамките на нејзиниот мандат. Сегашното портфолио се состои од осум инвестициски проекти, кои се во процес на имплементација, во изност од 378 милиони долари. Сите проекти финансирани од Светска банка, вклучително и првиот Проект за подобрување на општинските услуги, Проектот за развојн на вештините и поддршка на иновациите, Проектот за условени парични трансфери, Проектот за надградба на патиштата, Проектот за рехабилитација на патиштата, како и енергетскиот проект (ECSEE APL3) се во тековна имплементација, исплатата е на задоволитено ниво и се на пат да ги постигнат планираните резултати, стои во соопштението.
Дополнително, во јануари 2016 година, Светска банка одобри проект во износ од 28 милиони долари за поддршка на вториот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2). МСИП2 ќе обезбеди подинечни заеми на општините за инфраструктурни инвестиции, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет која влијае врз добросостојбата на жителите и ефикасноста на услугите. Овие заеми се поврзани со буџетската транспарентност и одговорноста на локалните власти кон нивните граѓани.
-Исто така, со проектот ќе се воведе грант компонента за подобрување на испорака на услугите и инфраструктурата за сиромашните и маргинализирани заедници во општините во Македонија. Средствата наменти за првиот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП) моментално се исплатуваат на општините во Македонија, вклучително и компонентат од ИПА Руралниот инвестициски фонд, потпишан со Европската Унија во 2014 година. Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) ќе стапи на сила по завршувањето на парламетарните избори во земјата, се наведува во соопштението на Светска банка.