Најубавата полицајка во Германија, Адриене Колешар, одново ќе патролира. По половина година неплатено отсуство, 34-годишната блондинка се враќа на работа во Дрезден, пишува „Билд“.
Ја облекувам униформата и одам на работа, напиша Адриене на својот профил на Инстаграм на кој има 630.000 следбеници.
Со свои пријатели, таа во декември две недели престојувала во Јужна Африка. Последниве месеци таа ги посетила Мајами, Дубаи и Малдивите. Во ноември, меѓутоа, објави дека си ја сака полициската служба и оти ќе им се врати на обврските. Во меѓувреме, Адриене на Инстаграм рекламирала козметика, автомобили и спортска опрема.