„El Confidencial“ дојде до фрапантни податоци во врска со славниот фудбалер на Реал Мадрид. Во светот одекна информацијата дека Кристијано Роналдо го искористил даночниот систем во Ирска за да присвои повеќе пари од мултинационалната кампања за која направи договори. Докумнтите кои ги објави “Football Leaks” пренесуваат дека маркетиншката кампања “Multisports & Image Management (MIM) Limited” основана во Дубаи во 2004 година склучила договор со голем број на брендови со кои соработува фудбалерот на Реал Мадрид.
Данокот во Ирска е помалку за половина отколку во Шпанија -12, 5 посто.
Поради ова на фудбалерот може да му се заканува голема затворска казна поради затајување на данок.