Светлосни години разлика: Во Мајами концерт на Давид Гета за без пари, кај нас Лепи Џони за пари (Видео)

Дејвид Гета пред два дена во Мајами одржа концерт кој онлајн можеа да го следат неговите фанови од цел свет.

Најпознатиот светски диџеј засвире од врвот на неговата зграда, а неговиот двочасовен спектакл го следеа повеќе од шест милиони луѓе преку Фејсбук и повеќе од 300.000 на Јутјуб.

Концертот беше од хуманитарен карактер, Гета ги повика гледачите да донираат за борба против коронавирусот, а за секој долар што ќе го соберат, тој ќе донира уште еден.

Сосема различна слика имаше во Скопје. Градоначалникот Шилегов реши да му плати 14.500 денари на извесен Лепи Џони. Љупа Ангелов е првиот македонски музичар што направи маалски концерт на отворено, во рамки на проектот „Култура во време на Корона“ на Град Скопје со којму плати 14.500 денари за да ги забавува Скопјани за време на карантинот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.