Денеска е Преподобен Теофилакт Никомидиски.
Овој добродетелен маж живел кон крајот на осмиот и почетокот на деветтиот век во Византија. Прво бил монах во еден манастир близу Црното Море, а по Седмиот вселенски собор на кој беше осудена ереста на иконокластите бил избран за епископ на Никомидија. Свети Теофилакт многу се грижел околу за бедните и болните, што им ги преврзувал раните. Кога иконоборството се вратило на историската сцена со силен замав во времето на Лав Ерменецот, Теофилакт со други православни епископи бил испратен во заточеништво, каде поминал цели 30 години и се упокоил во длабока старост.