СВЕДОШТВО ОД КОБНАТА ВЕЧЕР: Братот на Бојан Илиќ кој удри во малиот Алмир се јави со сведоштво на ФБ!

Братот на возачот на „Мерцедесот“ кој пред неколку дена удри во семејството Алиу, при што по неколку дена во болница почина малиот Алмир се јави со реакција на ФБ, на кој тврди дека тие немале намера да удрат во семејството Алиу, и дека бегале од група Албанци кои ги бркале со ножеви, палки, а притоа неколку пати ги прободеле, и исекле за што постојат и фотографии од повредите.

bojan_ilic

Според братот на Бојан, групата Албанци со палки им го скршиле ветробранското стакло на автомобилот, па не можеле да видат ништо, а бегајќи во паника случајно удриле во семејството Алиу за што жалат.

Јас сум братот на возачот, оној што го вадат од возилото на снимкава. Не нападнаа за глупости… Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 албанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција) ние побегнавме но завршивме во слепа улица. Продолжија да не бркаат околу 20 албанци со ножеви, боксачи и слично. Братми за да ги избегне удри во ѕид за жал тука било дете ние неможевме да видиме ништо зошто ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени, јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тиепа/убие пред сопственото дете за банална расправија поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност… И дали тие навистина се жртви? Јас имам 5 посекотини од НОЖ, повеќепати сум удрен со тврд предмет по глава и тело. Против никој од напаѓачите не е поднесена кривична пријава уште и се организираат протести и го нарекуваат брат ми терорист кој сакаше само да избега и да се спаси… Навистина е греота за детето и ние жалиме ама како би вие реагирале да се најдете во ваква ситуација и да ви е загрозен вашиот живот и животот на вашата фамилија? Во сите медиуми пишува како ние сме ги чекале да ги згазиме никој не ја напиша вистината што навистина се случи – сведочи на ФБ братот на Бојан

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.