Сведоштво на поранешен вработен во ЕВН: Во реонот на Арачиново и Бит Пазар имаше големи кражби на струја, а загубите беа 65%

Граѓанин од Скопје на својот Фејсбук профил истакна негово искуство додека работел во ЕВН во реонот на Арачиново и Бит Пазар во главниот град. Вели дека имало голем број на кражби на струја, а загубите изнесувале 65%.

“2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја а загубите 65%… Требаше да дислоцираме броила надвор од куките. Им беше обеќано на албанците дека ако дозволат дислокација 2 години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки. При Работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зошто така ни беше наредено, само дислокација другото да не не интересирало. Они како шо знам пак си терале по исто до 2015. Пробаат да им исклучат албанците струја во тие реони, а тие им кршат сите надворешни ормари. ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејки државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата и дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои у нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи а у исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат Елем и Мепсо, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци. Нешто што го знаеме сите, освен Владините коалиции … т.е. знаат ама”, пишува граѓанин на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.