СВЕДОШТВО НА ДОКТОР: Траорно сведоштво на докоторот Игор Николов за Вјолца од Кичево

Лекарот Специјалист Игор Николов на својот Фејсбук профил сподели траорно сведоштво за геоизацијата на Албанците во Македонија и новите генерации кои повеќе не го рабираат ниту пак говорат македонскиот јазик. Доктор Николов никако не може да си ја објасни причината за ваквото случување и поделбата во државата до тој степен доктор и пациент да не можат да се разберат. Приказната е за Вјолца од Кичево, 15 годишно девојче кое не го говори македонскиот јазик и цела среќа што нејзините родители го разбирале истиот па можеле на лекарот да му ги прекажат нејзините симптоми.

И така денес на Клиника во Скопје ја примивме Вјолца. Петнаесет годишна средношколка од Кичево.

Во Скопје на Клиника, ја пратиле докторите од нејзиниот град, заради тоа што „нешто„ бубрезите не и работеле добро. Вјолца е примерна ученичка, културна, воспитана.
Единстевна тешкотија ми е, што не може точно да ми објасни која и е маката заради што ја пратиле во болница. Вјолца е одлична ученичка во средно училиште во Кичево.

Јас со моето познавање на официјалниот јазик во државава, со познавање на два светски европски јазици како француски – ниво Ц2, англиски на ниво – ФЦЕ, и со основно ниво А1 познавање на албански јазик кој го учев еднаш на курс, не можам да се разберам со оваа млада госпоѓица која има некаква мака, има некаква тешкотија. Иако живееме заедно во истава оваа држава, одиме на исти места на одмор и таа и јас во Струга, сепак не можеме да се разбереме. Среќа, тука е татко и кој ни помага, преведува и ја кажува маката и болката на Вјолца.

Заради тежината на работата и тешките пациенти на нашата клиника, лекарите и медицинскиот персонал кој зборуваше албански, ја напуштија клиника и си најдоа работа на други клиники. Најдоа подоходовни и понаградени гранки во медицината. Среќа татко и на Вјолца е тука и преведува…

Каде е проблемот?
Дали е проблемот во образовниот систем, кој што НЕ создава млади луѓе, кои што ја познаваат својата околина и своето опкружување? Се создаваат, млади луѓе кои што не можат да се разберат во средина малку подалеку од сопствениот етникум. Млади луѓе кои си се доволни сами на себе и на кои им е доволно да бидат опкружени само со своите.

Или пак, Дали е проблемот до мене??? Бидејќи и покрај мојот мултикултурен дух, и покрај волјата за запознавање на своите соседи и блиските, сеуште не успевам да се разберам со ваквите пациенти.!?!

Или пак, проблемот е во тоа што што во оваа земја секој е затворен и опкружен во својот свет кој што му е близок и кој што најдобро и најлесно го познава, и нема систем кој ќе наметне потреба или чувство и неопходност да знае за другиот, да се објасни како ми е мене а како нему, и да се разбере и објасни со другите и со непознатото, дури и кога има силна болка и мака?

Дали ќе имавме потреба да се разбереме доколку никој немаше мака? Дали со ваков образовен систем можеме да продолжиме понатаму? Дали се неопходни повеќе проекти со кои ќе се зближуваат младите или бар ќе ја запознаваат другата култура и јазик? Дали? И Како понатаму?

До каде ќе одиме? Како ќе функционираме вака, кога се создадоа генерации кои што не можат да се разберат една со друга. ?

Сепак и покрај се, продолжуваме за доброто на пациентите….
Продолжуваме да се бориме за здравјето на сите оние, на кои што им е потребно….

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.