Сведоци во cyдот посочија, министерот Димитров знаел за peкeтoт на Боки 13

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, знаел дека Боки 13 преку посредник од штипскиот бизнисмен и почесен конзул на Латвија Зоранчо Митровски барал 2 милиони евра за помош која Боки ја понудил, бидејќи бил ocoмничен на СЈО во случајот Поштенска Банка, и неколку други, ова денеска во cyдот го тврдеа cведоците на обвинителката Вилма Рускоска за случајот Pekeт – oбјави “ТВ АЛФА”.

Непристојниот предлог стигнал од Боки 13, на еден состанок во “1тв”, на кој биле кумот и адвокат на Митровски, Сашо Бошков, Боки 13, и кошаркарот Влатко Илиевски, сведочеше адвокатот. На истата средба Боки 13 пред да каже колку чини помошта за случајот „Поштенска Банка“ на телефон разговарал со жена чиј идентитет Бошков не можеше да го потврди со сигурност.

Во телевизијата Боки го запознал Бошков со Лазар, синот на Јанева. Парите не биле исплатени, а Митровски не пријавил ниту во полиција ниту во обвинителство, плашејќи се од како што рече моќта што во тоа време ја имаше СЈО. Како почесен конзул на Латвија, тој побарал помош од нерезидентниот амбасадор на Латвија во Македонија.

Целосниот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.