100 милиони долари?! Свадбата на ќерката на најбогатиот човек во Индија го придоби вниманието на целиот свет. За екстравагантните прослави кои траат неколку денови воопшто не се штедело.
Иша Амбани и Ананд Пирамал направија свадба за која долго време ќе се зборува. Бијонсе им пееше на претсвадбената свеченост, а меѓу гостите беа Хилари Клинтон, младенците Пријанка Чопра и Ник Џонас, моделот Наталија Водјанова како и многу славни личности од Боливуд.
27-годишната Иша е ќерка на Мукеш Амбани, за кого се смета дека поседува богатство од 42 милијарди долари.