Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објави документ, според кој се докажува дека сме се декларирале како Mакедонци уште во далечната 1895 година.
“Почитувани од самото формирање ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка партија во Република Македонија која се залагаше за влез во ЕУ и НАТО. До денес останавме доследни на оваа определба.
Но за неверување се некои понижувачки барања на Бугарија, исто за неверување се ставовите на некои домашни политичари и луѓе од власта. Чудно е како може човек да заборави од каде е, што е и кој е. Жално е да ги заборавиш зборовите на предците кои ти кажале кој си од кај и зошто си таков каков што си и дека Македонец си.
Но сега се наметнува прашањето, зошто дилема сега?
Кој ни кажува што сме: комисијата, бугарската влада, нашата влада или нашите предци. За предците јас сакам да приложам 1 документ за јавност од 1895 година.
Сакам на ваков начин да ги осознаам оние што се отргнале, но сакам да ги вратам оние кои се двоумат и да им кажам кој се кој биле и такви треба и да останат Македонци, каде и да се. Затоа го приложив овој документ за да го видат и бугарските политичари и македонската влада и комисијата за добро да внимаваат за што преговараат”, напиша Сајкоски.