Саша Поповиќ остана без продукцијата „Гранд“ бидејќи одлучи да ги продаде и преостанатите 24% што беа во негова сопственост. Со тоа, продукцијата дефинитивно премина во рацете на „Јунајтед група“.
Имено, споменатата компанија досега имаше сопственост над 51% од акциите на „Гранд“, додека „Петрула холдингс лимитид“ од Кипар беше сопственик на 25%, додека Александар Поповиќ поседуваше 24%. Комисијата одобри „Петрула“ и Поповиќ да ги продадат своите акции и да биде воспоставена единствена контрола мад „Гранд-продукцијата“, пренесува Тањуг.