Новиот производ на Самсунг би можел да се вика “Галакси X” и би имал три LED екрани. Кога би се растегнал целосно, би имал големина на iPad Mini. Ќе биде тоа мобилен кој многу лесно ќе се претвора во таблет и ќе овозможи нови можности. Ако оваа најава е нешто повеќе од гласини кои го следат технолошкиот дух, тоа ќе биде навистина интересен концепт, а можеби еден ден и користен уред.
Склопот на екрани не е револуционерна новост, веќе многу компании интензивно работат на развојот на вакви мобилни телефони. Самсунг доволно долго се занимава со идеата “склоп на екрани”.