Дел од поранешните ракометари на Вардар, пред неколку дена изјавија дека клубот им должи многу пари.
На ова со изјава за “Фокус” се јави сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.
-Јас ја превземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе, вели Самсоненко.
Запрашан за изјавата на Панчев, Самсоненко само кратко одговори:
-Изјавата на Дарко Панчев не ја имам прочитано и сметам дека јас не сум тој кој што би требал да ја коментира. За ова би требало да се обратите кај него, додаде рускиот бизнисмен.
Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.