Со жешките денови, во домовите имаме наезда на разни инсекти – муви, бубашваби и комарци… Иако се чини дека е многу тешко да се решите од овој проблем, сепак не чекајте градот да испрска против нив, туку направете нешто со што ќе се заштитите самите, а притоа нема да потрошите ниту денар.
Потребно ви е:
-половина шолја растително масло
-половина шолја некој шампон
-половина шолја оцет
Подготовка:
Сите состојки додадете ги во спреј боца и добро промешајте, а потоа попрскајте во разни површини во вашиот дом. Мешавината не е токсична и сигурна е за користење околу децата и куќните миленици, а притоа е многу ефикасна против било кои инсекти.