Со топлите денови и змиите почнуваат да излегуваат на површина, па поради тоа треба да бидеме особено внимателни.
Дека животот може преку ноќ да ти се претори во пекол, сведочи и ова семејство во Србија.
Поради ситуацијата која им се случила морале итно да ги земат своите работи и да ја напуштат семејната куќа.
Како што вели Милан Шимуновиќ, се започнало откако најмладата ќерка се пожалила дека преку неа преминал гуштер, а после тоа и Милан самиот бил сведок на шуштење во ламперијата, а сѐ кулминирало кога од пукнатините на ѕидовите излегле разни змии.
За целата ситуацијата е известена „Зоо планет“, кои установиле дека змиите за време на зимата ги положиле своите јајца во сеното кое било наложено околу куќата, а топлото време помогнало змиите да се изведат.
Утврдено е дека има околу 300 змии во оваа семејна куќа.