Времето денеска во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.
До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.