По 13. пат на плоштадот “Никола Мартиноски” во Крушево, утре (05.01.) во пресрет на големиот празник Божик, ќе се одржи традиционалната манифестација „Дева“ – кој освен во Крушево, се одржува уште само во Витлеем во Израел.
Што е Дева?
Накратко, Дева е празник кој го слави појавувањето на ѕвездата која го најавува Христовотo раѓање.
Како се чествува?
Машки деца или возрасни мажи ги посетуваат домовите на Крушевчани држејќи во раката шестокрака ѕвезда и пеејќи песна со која го најавуаат Христовото раѓање. Домаќините за тоа ги даруваат со муштулук.
Настанот утре во Крушево ќе се одржи во 17:00 часот на Градскиот плоштад „Никола Мартиновски“, во празнична атмосфера, со посна трпеза и топли напитоци.
Во рамки на манифестацијата ќе се организира и собирање на доброволни средства за првото новородено дете.
Да ја споделиме заедно радоста и да ја одбележиме традицијата што го најавува Христовото раѓање.
























