Фејсбук статус на Дијана Петрова, автор на две книги која има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
“Десетина студенти запишани на Kатедрата за македонски јазик и пет студенти запишани на Катедрата за македонска книжевност.
Нема потреба да се борите ниту за идентитет, ниту за јазик оти многу скоро, ниту ќе остане некој што ќе го предава јазикот и книжевноста, ниту ќе остане некој да го зборува.
Единствената работа што ја направи државата за тие што завршија на овие катедри е да го забрзаат процесот на заминување од државата, оти покорисен се чувствува човек да пржи компири во Германија, отколку да е предавач на јазикот и книжевноста за кој сите се борите”, напиша Петрова.