Сакајте, дарувајте и помагајте! Порталот Маркукуле ви посакува честит и вековит празник Св. Никола

Фото: Црква Св.Никола во населбата Варош, параклис посветен на Светецот во центарот на градот и манастир Св. Никола во село Манастир – Мариово

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме.

Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.

Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови синоќа и денеска со вкусна посна трпеза, дочекуваат многу гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.

Неговото име посебно се почитува од прилепчани. Прилеп го има Св. Никола како заштитник на градот. Секоја година градот прима илјадници гости за овој ден, а традиционално во центарот на градот на 19-ти декември се послужуваат вкусни посни сармички, грав, риба, вино и ракија.

Порталот Mаркукуле.мк, на сите православни Христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник им посакува прекрасно поминат празничен ден, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние пак кои го носат името Никола, Коле, Нина…., им посакуваме честито и вековито име.

Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ И НАПОМОШ !




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.