Опозициската СДСМ започна Постапка за евидентирање, предлагање и избор накандидат за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година.
Од партијата ги повикуваат сите заинтересирани чесни и угледни индивидуи кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат како кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година.
Повикот со сите детали е достапен на веб-страницата на СДСМ: https://sdsm.org.mk/soopstenija/95091